Италијанската полиција уапсила албански државјанин во чија гаража пронашла 830 килограми дрога, јави МИА.
Акцијата следувала по анонимна дојава до полицијата. Кога полицијата стигнала уапсениот Л.О.(35) бил во автомобил пред гаражата. При контрола кај него бил пронајден пиштол играчка, а во магацинот 564 килограми мархуана и 266 килограми хашиш.
Дрогата,според првичната истрага била прошверцува од Албанија.
Ова е прва поголема количина запленета дрога од страна на сталјанската полиција прозведена во Албанија годнава. Лани според полцската статистка биле запленет 78 тони марихуана прошверцувана од Албанија.
Во меѓувреме италијанската полиција запленила килограм кокаин и уапсила двајца Албанци. Одземен им е поголем износ на евра.
Во објавениот извештај за националната безбедност во италијанските пристаништа во текот на минатата година, Албанија се смета за една од главните земји од која доаѓа нелегалната трговија на дрога во Италија за изминатата 2018 година.