Лондонската полиција уапси 135 лица кои учествуваа во протестите организирани од групата за борба против климатските промени, соопшти денеска полицијата.
Активистите блокираа патишта, мостови, плоштади во Вестминстер за да апелираат до владата да ги намали емисиите на јаглерод, пренесува Ројтерс.
– Од 11.30 часот уапсени се вкупно 135 лица – се наведува во објавата на Твитер на Метрополитен полицијата.