Каталонската полиција разби криминална група, која извршила најмалку 30 кражби во луксузни вили во Бареселона, вклучувајќи го и домот на фудбалската ѕвезда, Луис Суарез.
Сите десет уаспени се Албанци. Групата регрутирала членови, свои сонародници, од кои во замена за смесување барала да вршат кражби по куќи.
– Полициските инспектори и влегле во трага на албанската група во октомври. Членовите на групата ограбиле најмалку 30 луксузни куќи оддалечени од центарот на градот и тоа во периодот од октомври минатата година. Користеле украдени автомобили или оделе пеш со часови, чекајќи го во шумата вистинскиот момент, ја пренесуваат албанските медиуми изјава на полициски претставник на каталонската полиција.
Криминална група наречена „Албански јастреби“, во јануари годинава била „непоканет гостин“ и во луксузната вила на познатиот фудбалер на Барселона, Луис Суарез, во Кастелдефелс, од каде однела златен накит со голема вредност.