Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Турција мора да сфати дека ЕУ е загрижена оти турската воена операција во Сирија може да доведе до хуманитарна криза.
– Турција мора да сфати дека наша примарна грижа е дека нивните постапки би можеле да доведат до друга хуманитарна катастрофа. И ние никогаш нема да прифатиме да се злоупотребуваат бегалците и со нив да нè уценуваат. Вчерашните закани на претседателот Ердоган не се на место – рече Туск.
Турскиот претседател вчера се закани дека ќе ги отвори портите за сириските 3,6 милиони бегалци од неговата земја кон Европа, одбивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.