Турција ќе изврши попладнето претрес во саудискиот Конзулат во Истанбул во обид да пронајде докази за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави дипломатски извор за турски медиуми.
Кашоги, кој ја критикуваше политиката на Ријад, исчезна пред речиси две недели откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул. Турција верува дека бил убиен и неговото тело отстрането, додека Саудиска Арабија ги негира обвинувањата.