Забраната за Википедија на Турција треба да се укине денес по пресудата на Уставниот суд според која блокирањето на енциклопедијата на интернет во Турција повеќе од две години е повреда на слободата на изразување.
Пресудата на Уставниот суд објавена во службен весник го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година поради написите во Википедија, во кои Турција се обвинува за поврзаност со терористички организации.
Пристапот до страниците на Википедија треба да се одобри откако пресудата, донесена со десет спрема шест гласови на уставните судии, ќе биде официјално проследувана до агенцијата за телекомуникациски надзор.
Укинувањето на забраната во Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитна организација која ги одржува страниците на онлајн енциклопедијата.