Турција се надева дека ќе ја зајакне соработката со Кина во секторот на трговијата, енергeтиката и борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на средба со шефот на кинеската дипломатија Ван Ји.
Состанокот се одржа на маргините на 73. Генерално собрание на ОН во Њујрок.
– Турција дава големо значење на односите со Кина и се надева на зајакнување на контактите со Пекинг на високо ниво, како и на проширување на практичната соработка во секторот на трговијата, енергетиката, борбата против тероризмот и други сфери за успешен развој на соодветни проекти – истакна Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија истакна дека Анкара го цени балансираниот став на Пекинг за многу меѓународни прашања, информира кинеското Министерство за надворешни работи.