Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили во Сирија елиминирале најмалку 3.000 припадници на терористичката група „Исламска држава“.
-Како единствена војска која директно, гради во гради, се бореше против терористите од ИД, турската војска неутрализираше најмалку 3.000 терористи и уништи најмалку 21.000 терористички цели – се наведува во соопштението од Министертсвото, пренесува Анадолија.
Од Министертсвото истакнаа и дека турските сили во август 2016 година извеле успешна антитерористичка операција „Еуфратски штит“ и со тоа овозможила враќање на 320.000 сириски бегалци.