Познатата турска опозициска активистка Канан Кафтанчоглу е осудена на девет години и осум месеци затвор, поради повеќе злосторства, меѓу кои и „навредување на претседателот и ширење терористича пропаганда“.
Како што соопшти опозициската „Републиканска народна партија“, во обвинението се цитираат неколку твитови на Кафтанчоглу што ги напишала во периодот од 2012 до 2017 година.
Обвинетата активистка веднаш ќе оди во затвор, бидејќи има право на жалба.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу рече дека верува дека повисоките судови ќе ја поништат пресудата против Кафтанчоглу.