Нобеловата награда за економија годинава им беше доделена на економистите Абиџит Банерџи, Естер Дифло и Мајкл Кремер. Наградата им беше доделена за нивниот експериментален пристап кон ублажување на глобалната сиромаштија, односно за нивната работа на намалување на сиромаштијата на глобално ниво.
И покрај неодамнешните драматични подобрувања, едно од најголемите проблеми на човештвото е намалувањето на глобалната сиромаштија во сите нејзини форми, рекоа од Акандемијата.
Банерџи и Дифло се професори на Технолошкиот институт во Масачусетс, додека Кремер е професор на универзитетот Харвард. Дифло е втората жена во историјата што ја доби Нобеловата награда за економија и исто така досега е најмлада добитничка на таа престижна награда.