Во британската нуклеарна централа Хејшам 1 во Ланкашир дојде до истекување на пареа, поради што тројца работници се повредени.
Операторот на електраната „ЕДФ Енерџи” соопшти дека пареата е „чиста” и оти нема опасност за населението.
– Тројца повредени колеги се пренесени во болница за лекување… Нема ризици по население, ситуацијата е сега под контрола – соопшти „ЕДФ Енерџи”.
Британската канцеларија за нуклеарна регулатива (ОНР) соопшти денеска дека јотворила истрага за инцидентот.
На официјалниот сајт на нуклеарната централа се наведува дека и обата реактори се функционални.
„ЕДФ Енерџи” управува со 15 нуклеарни реактори во Велика Британија и тие произведуваат околу 20 отсто од електричната енергија во земјата.