Во Соединетите Американски Држави е забележан трет случај на коронавирус, кај пациент кој пристигнал во Калифорнија од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата, соопшти денеска Американскиот центар за контрола на заразни болести.
Пациентот, наводно, е изолиран во болница и е во добра здравствена состојба,
Претходните два случаи со заразени од вирусот беа откриени во Вашингтон и Чикаго.
Тројцата патувале во Кина, пренесува „АП“.
Центарот очекува повеќе Американци да бидат заразени со корона вирус, за кој се верува дека има период на инкубација од две недели.