Едно лице е убиено, а четири се повредени во пукање што се случило во 3 и 43 часот наутро по локално време во западниот дел на Чикаго. Засега нема повеќе информации за пукањето.
Неколку часа претходно, во 1 и 20 часот по локално време, во пукање во парк биле ранети четири момчиња и три девојки, објави „Чикаго Сан-тајмс“. Полицијата соопштила дека засега непознато лица или лица отвориле оган од црн „шевролет камаро“ кој бил во движење. Повредените се на возраст од 19 до 25 години.
За неколку часа ова е трет вооружен напад во САД. Напаѓач во Дејтон, Охајо, со автоматска пушка застрела девет, а рани најмалку 26 луѓе, а неколку часа претходно во Тексас беа убиени 20, а ранети 26 лица.