Преговорите меѓу Шри Ланка и Кина за договор за слободна трговија денеска беа прекинати, откако двете страни не можеле да постигнат договор откако Шри Ланка инсистирала да има право да го преиспита договореното по истекот на 10 години.
Оваа островска држава е исклучително важен дел од кинеската стратегија за изградба на морски и копнен инфраструктурен коридор до Европа наречен Еден појас еден пат. Кинески компании веќе инвестираа милијарди долари во инфраструктурни проекти во Шри Ланка. Но, трговијата меѓу двете земји се одвива со голем кинески суфицит, и властите на Шри Ланка стравуваат дека траен договор за слободна трговија само дополнително ќе ја промени оваа трговска нерамнотежа. Кина сега извезува роба вредна 4,2 милијарди долари годишно во Шри Ланка, а увезува само околу 200 милиони долари.
– Преговорите се блокирани. Кина сака да се отстрани членот кој предвидува преиспитување на договорот, изјави Кеј Џеј Верасинге, главниот трговски преговарач на Шри Ланка.
Кина веќе постигна договор за слободна трговија со соседните Малдивски острови. Според предложениот договор, двете земји ќе ги укинеа царините за 90 проценти од производите што ги разменуваат.