Бакингамската палата се очекува да објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Обединетото Кралство на почетокот на јуни. Според информациите од британските медиуми, Трамп се очекува да се сретне со Кралицата Елизабета Втора, но и со премиерката Тереза Меј.
Од Даунинг стрит се уште без коментар за датумот на посетата на американскиот претседател.
Трамп и првата дама на САД, Меланија, ја посетија Британија во јули 2018 година. За време на таа посета, Трамп се сретна со британската премиерка Тереза Меј и со Кралицата во замокот Винзор, по што замина за Шкотска каде поседува имот со голф терени.
Неговата последна посета беше проследена со демонстрации низ Британија.