Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прифати кандидатурата на републиканците за претседателските избори во ноември. Тој беше избран за годинашен кандидат на Републиканската конвенција со гласање на делегатите.
Во својот говор, Трамп рече дека неговиот демократски противник на изборите, Џо Бајден, „не е спасител на американската душа“ и дека ако граѓаните му веруваат, „тој ќе ја уништи големината на Америка“. Тој им порача на граѓаните да не веруваат дека политичарите ќе ги спасат, туку да веруваат во Бога.
Евангелските христијани се меѓу најсилните поддржувачи на Доналд Трамп. Тој ја пофали реакцијата на САД на пандемијата на коронавирус, иако федерацијата има најмногу заразени и мртви во светот. Стотици илјади Американци би умреле, рече Трамп во својот говор, доколку Бајден би бил на власт за време на пандемијата.