Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопшти Белата куќа.
Со Лавров разговараше и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој порача дека е неприфатливо кое било странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе „Гласот на Америка“.
-Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно и ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите – нагласи Помпео.
Непосредно пред средбата со Трамп во Белата куќа, Лавров повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.