Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на предлог-законот за воениот буџет, кој треба да изнесува 740 милијарди долари.
„За жал, овој предлог-закон за воен буџет не опфаќа значајни безбедносни мерки, како и средства за нашите воени ветерани и нашата воена историја и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место, во фокус на системот за национална безбедност и нашите активности во странство. Ова е подарок за Русија и Кина“, напиша Трамп во пораката до американските конгресмени, без да дава повеќе детали, пренесува Си-ен-би-си.
Сега, Конгресот мора повторно да гласа за да се поништи ветото на Трамп.
Пратениците во Претставничкиот дом се на одмор до понеделник, а лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, најави дека сенаторите ќе гласаат следниот вторник со цел да се поништи ветото на претседателот.