Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го напуштил состанокот за финансирање на ѕидот на границата на САД со Мексико со демократските конгресни лидери, затоа што тоа е „целосно губење време“, додека демократите наведоа дека тој излегол во „настап на гнев“.
Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со конгресните лидери меѓу кои имаше и двајца високи демократски функционери – претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, на 19-от ден од блокадата на работата на Владата која ја предизвика барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на спорниот ѕид.
– Прашав што ќе се случи за 30 дена ако брзо ги одблокирам работите, ќе го усвоите ли Законот за погранична безбедност кој подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори „Не“. Реков „тогаш догледање, ништо друго не доаѓа предвид“, напиша Трамп на Твитер.
Just left a meeting with Chuck and Nancy, a total waste of time. I asked what is going to happen in 30 days if I quickly open things up, are you going to approve Border Security which includes a Wall or Steel Barrier? Nancy said, NO. I said bye-bye, nothing else works!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 9, 2019
Шумер пред новинарите рече дека Трамп излегол од просторијата откако Пелоси го одбила неговото барање за финансирање на ѕидот.
– Повторно видовме настап на гнев, затоа што не успеа во својата замисла, заклучи Шумер.