Поранешниот американски претседател ја објави својата веб-страница
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата веб-страница, со цел да остане во контакт со неговите поддржувачи.
Дел од таа страница е посветена и на презентацијата на неговиот престој во Белата куќа.
На почетната страница се прикажани повеќе фотографии од Трамп со многу познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.
– Кабинетот на Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата „Прво Америка“ – стои на почетната страница, објави „Ројтерс“.
Веб-страницата исто така ги прикажува достигнувањата на Трамп, вклучително и енергетскиот сектор и безбедноста на границите, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи и неговиот одговор во борбата против пандемијата на коронавирусот.
„Ројтерс“ додава дека не се споменуваат скандали, истраги за корупција, два обиди за отповикување и напади врз демократски институции што го одбележаа неговиот претседателски мандат.