Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа соопшти дека ќе потпише извршна наредба со која привремено се прекинуваат сите миграции во САД, бидејќи земјата се бори против здравствените и економските причини од пандемијата на коронавирусот.
Тој додал дека дека мерката ќе ја спроведе поради нападот на невидливиот непријател, односно пандемијата на ковид-19, но и како заштита на работните места во САД, објави Си-ен-ен.
Се уште не е сосема јасно, со кои механизми Трамп ќе ја прекине миграцијата ниту колку ќе трае одредбата.