Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Сирија и нејзиниот сојузник Русија да престанат со „огненото бомбардирање“ на Идлиб, во северозападна Сирија, откако Кремљ во петокот објави дека Москва ќе продолжи да ја поддржува офанзивата, која режимот ја почна таму пред еден месец.
-Слушам дека Русија, Сирија и во помала мера Иран, учествуваат во огнено бомбардирање во покраината Идлиб, во Сирија, и дека убиваат голем број недолжни луѓе. Светот го гледа тоа колење. Која е целта, што ќе постигнете? Престанете!“ напиша Трамп на Твитер, во пресрет на државната посета на Велика Британија.
Неговите коментари следат откако сириските невладини организации во петокот ја осудија пасивноста на меѓународната заедница пред ескалацијата на сирискиот режим и нејзиниот сојузник Русија во Идлиб.