Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им наредил на американските компании да ја напуштат Кина, откако претходно Пекинг најави воведување на дополнителни царини на американските производи во вредност од 75 милијарди долари.
– Не ни треба Кина и искрено говорејќи би ни било подобри без нив. Мора да се стави крај на крадењето од САД и парите кои Кина ги заработи од нас – напиша Трамп на Твитер.
Според твитовите на Трамп, на силните американски компании им е наредено веднаш да почнат да бараат замена за Кина, вклучувајќи ја и опцијата да се вратат дома и да работат во САД.
Не е јасно според кој закон, Трамп би можел да им нареди на американските комапнии да прекинат да произведуваат во Кина или да сопрат со набавка на одредени производи од оваа земја.
….better off without them. The vast amounts of money made and stolen by China from the United States, year after year, for decades, will and must STOP. Our great American companies are hereby ordered to immediately start looking for an alternative to China, including bringing..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 23, 2019