Вкупно 52 сенатори гласаа дека американскиот претседател Доналд Трамп не е виновен за злоупотреба на власта, додека 48 се согласија дека тој вршел притисок врз странски политичар за сопствена политичка корист. Само сенаторот од Јута, Мит Ромни гласаше против Трамп. За второто обвинување – опструирање на Конгресот гласаа 53 спрема 47 гласа. Потребно беше двотретинско мнозинство за да се отповика американскиот претседател. Републиканците имаат 53 од 100 места во Сенатот.
Импичментот на Трамп почна на 24 септември 2019 година, по што Долниот дом утврди две основи за одговорноста на Доналд Трамп. Првата е злоупотребата на власта, со вршењето притисок врз странски претседател за своја политичка корист, а втората е опструкцијата на Конгресот на САД. На 18 декември, Претставничкиот дом го отповика Доналд Трамп од претседателската функција со мнозинство на гласови (230 наспроти 198). Трамп беше обвинет и за опструкцијата на Конгресот поради тоа што одби да соработува во постапката за импичмент. Исто така, тој побарал членови на власта да не сведочат во Сенатот, ниту да ги даваат бараните документи, без разлика на судските налози.
Белата куќа прогласи целосно ослободување во „срамниот“ процесот за импичмент против претседателот Доналд Трамп откако тој очекувано беше ослободен од обвиненијата во Сенатот.
– Сенатот гласаше да ги отфрли неоснованите обвинувања за импичмент, а само политичките противници на претседателот, сите демократи и еден неуспешен претседателски кандидат на Републиканците,гласаа за импичмент – соопшти Белата куќа.
Трамп најави обраќање во врска со ова ова прашање.