Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) дека е одговорна за зголемувањето на цените на енергенсот.
Трамп оцени дека намувањето на дневното производство на нафта од страна на члениките на ОПЕК, резултура со нејзино поскапување, нагласувајќи дека тоа повеќе „нема да биде толерирано“.
– Изгледа дека ОПЕК повторно го прави истото. Насекаде има рекордни количества на нафта, вклучувајќи ги и полните танкери по морињата, Цените на нафтата се зголемуваат вештачки. Тоа не е добро и нема да биде толерирано, напиша Трамп на Твитер.
Реакцијата на Трамп следи по континуираниот раст на цените на нафтата на светките берзи во изминативе две недели.
Белата куќа засега не ги коментираше ваквите оценки на Трамп и медимуските шепкулации дека американската Администрација би можела да преземе мерки против картелот.
За во јуни е закажана нова седница на ОПЕК на која, според најавите, ќе се разгледува барањето на Саудиска Арабија, за дополнително намалување на дневното производство на нафта.
Целта на Саудиска Арабија, која е најголем светски извозник на нафта, е цената на енергенсот да порасне до меѓу 80 и 100 долари за барел.
Кон крајот на неделава цените на нафтата на светските берзи изнесуваат меѓу 70 и 75 долари за барел.