Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска потпиша одобрение за итни трошоци во вредност од 8,3 милијарди американски долари за да се забрза одговорот на коронавирусот, обезбедувајќи средства за локалните и државните службеници за борбата против ширењето на вирусот, пренесува РСЕ .
Мерката за финансирање вклучува повеќе од 3 милијарди долари за истражување и развој на вакцини, тестови и третман, 2,2 милијарди долари за јавна здравствена помош, превенција, подготвеност и одговор и 1,2 милијарди долари помош за меѓународните напори насочени кон сузбивање на вирусот.
Од вирусот, кој првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан на крајот на декември минатата година, во САД досега се заболени 200 луѓе, а 12 лица починале.