Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е веројатно се погрешни извештаите во медиумите дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е сериозно болен.
Трамп одби да одговори дали имал контакти со тамошните официјални лица по однос на ова прашање.
– Мислам дека извештајот беше неточен. Слушам дека користеле стари документи – рече Трамп во врска со извештајот на Си-ен-ен дека американските разузнавачи имаат информации според кои Ким е животна опасност по оперативен зафат извршен над него.
Трамп повтори дека има добар однос со севернокорејскиот лидер, со кого се состана трипати во текот на 2018 и 2019 година како дел од преговорите за нуклеарната програма на земјата, пренесува агенцијата „Кјодо“.
На прашањето дали имал контакт со службени лица во Појонгјанг, тој одговори „тоа нема да го откријам“.
– Се надевам дека е добро и мислам дека извештајот на Си-ен-ен беше лажен – заклучи Трамп.