Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да има трета средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Трамп на прашањето дали почнале да планираат следна средба, одговори: „Не, не сме… ќе видиме дали воопшто ќе има“.
Американскиот претседател наведе дека не е постигнат договор бидејќи тој одбил да ги укине санкциите кон Северна Кореја.
– Беше поради санкциите. Санкциите не може целосно да бидат укинати, ние не можеме да го направиме тоа – посочи Трамп.
Тој додаде дека САД нема целосно да ги укинат санкциите кон Северна Кореја бидејќи Ким одбил да прекине нуклеарните проби.
– Тој изјави дека ќе тестира ракети и ќе прави што сака со нуклеарната енергија – посочи Трамп.
Тој претходно коментирајќи го непотпишувањето на најавениот договор за денуклеаризација со Ким на средбата во Ханој изјави дека некогаш едноставно треба да се повлечеш од преговори.
– Некогаш едноставно треба да се повлечеш и ова беше еден таков случај – изјави Трамп на заедничката прес-конференција со Ким по завршувањето на нивниот дводневен самит, кој траеше покусо од предвиденото.
Трамп нагласи дека неговите односи со Ким се многу добри, но дека „решиле да не направат ништо“.
Според него, договорот „бил подготвен за потпишување, но дека не бил соодветен“.
– Не ќе беше добро да потпишеме што и да било. Ние едноставно се повлековме. Го поминав целиот ден со Ким – додаде Трамп.