Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да поднесе тужба против лица кои се вклучени во истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.
– Веројатно ќе поднесам многу тужби против многу луѓе кои учествуваа во истрагата за изборите во 2016 година – рече Трамп на заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисте.
Тој изрази незадоволство од работата на некои високи функционери вклучени во истрагата што ја спроведе американскиот специјален иследник Роберт Малер, како што е поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого го разреши во мај 2017 година. Истрагата на Малер не откри доволно докази дека Трамп и неговиот изборен штаб заговарале со Русија.