Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон планира да го намали бројот на американски трупи во Авганистан.
Првично, бројот ќе се намали на 8.600, а потоа ќе биде донесена одлука за понатамошно повлекување од таа земја.
Трамп за „Фокс њуз“ рече дека САД се приближуваат до договор со авганистанските талибанци, но не е сигурен дека тоа ќе се случи.
Пентагон развива планови за повлекување на половина од 14.000 американски војници од Авганистан, додека талибанците сакаат сите Американци да ја напуштат земјата.
Началникот на Генералштабот на американските вооружени сили, Џозеф Данфорд, вчера изјави дека е рано да се зборува за целосно повлекување од Авганистан.
Тој рече дека евентуалниот договор меѓу САД и талибанците ќе зависи од безбедносната состојба и дека на авганистанските сили сè уште им е потребна помош од САД.