Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Белата куќа работи како „добро подмачкана машина“, но сепак најави дека наскорo ќе има нови промени во неговата Администрација.
– Имам предвид три, четири или пет позиции. Но, можеби на крајот ќе бидат само две – изјави Трамп во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“, емитувано денеска.
Американските медиуми изминативе денови најавува дека Трамп планира да го смени шефот на неговиот Кабинет, Џон Кели и министерката за државна безбедност Кирстен Нилсен.
Трамп во интервјуто, говорејќи за Кели, изјaви дека „некои работи што тој ги прави му се допаѓаат“, но дека „има и работи што не му се допаѓаат“.
– Во даден момент тој самиот ќе побара да се занимава со нешто друго – изјави Трамп.
Што се однесува до Нилсен, Трамп изјави дека таа „можеби навистина ги минува последните денови во Администрацијата“.
– Многу ја сакам, многу ја почитувам. Но, и недостига цврстина во врска со мигрантското прашање. Би сакал таа да е многу поцврста за границата (со Мексико) – истакна Трамп.