Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил помош на рускиот претседател Владимир Путин во борбата против големите шумски пожари во Сибир.
Како што наведува Кремљ, Трамп телефонски разговарал со Путин, кој искрено се заблагодарил за понудата и додал дека би можел да ја прифати доколку тоа го побара ситуацијата.
Веќе неколку дена се шири голем шумски пожар во Сибир што принуди на евакуација илајдници луѓе. Од пожарите вкупно се зафатени 2,7 милиони хектари.
Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со министерот за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, му наложи на Министерството за одбрана да се приклучи во борбата против пожарите.