САД се подготвени да ја разгледаат можноста за потпишување договор, кој ќе го замени Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) и тоа со поголем број чинители, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во говорот за состојбата на нацијата.
-Можеби можеме да преговараме за поинаков договор, додавајќи ја Кина и други. Или можеби не можеме. Во тој случај, многу ќе ги надминеме другите во трошење и иновации, рече Трамп.
Вашингтон во понеделникот објави дека за шест месеци целосно ќе се повлечат од договорот ИНФ, постигнат во 1987 година со тогашниот Советски сојуз, доколку Москва не престане со кршење на договорот.