Американскиот претседател Доналд Трамп ги смета лажните вести за одговорни за нападите што се случија овој викенд во Охајо и Тексас во кои беа убиени 47 луѓе.
– Медиумите имаат голема одговорност кон животот и безбедноста во нашата земја. Лажните вести придонесoа многу за гневот и бесот што се создаваат во текот на годините. Известувањето мора да почне да биде фер, избалансирано и непристрасно или овие ужасни проблеми само ќе се влошат – напиша Трамп на „Твитер“.
Во нападот во државата Дејтон, во Охајо, напаѓачот, кој беше идентификуван како Конор Бетс (24), уби деветмина и рани 26 луѓе. Меѓу убиените е неговата сестра Меган Бетс.
Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде што беа убиени 20, а ранети 26 лица.