Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико. Тој рече дека сега испраќаат вооружени војници на границата и го повика Мексико да го запре новиот миграциски бран упатен кон САД.
– Голем карван од над 20 илјади луѓе тргна од Мексико – напиша Трамп на Твитер.
Тој рече дека мексикански војници неодамна извадиле оружје против Американци од Националната гарда, а инцидентот најверојатно бил тактика за пренасочување на вниманието од нарко-дилерите.
– Подобро е повеќе да не се повтори. Сега испраќаме вооружени војници на границата – констатираше американскиот претседател.