Американскиот претседател, Доналд Трамп, во својата омилена утринска програма на телевизијата „Фокс“, со назив „Fox and friends“ изјави дека Иран дефинитивно стои зад нападот врз два комерцијални нафтени танкера во Оманскиот Залив.
„Иран го стори тоа“, рекол Трамп, а пренесе порталот „Дејли бист“.
Американскиот претседател кажал дека доказите, вклучувајќи го и видеото кое денеска го објави американската морнарица, наводно покажуваат дека ирански патролен брод презема неексплодирана мина од трупот на еден од танкерите кој беше цел на нападот. Додал и дека врз целиот инцидент очигледен е потписот на Иран.
Запрашан како планира да му одговори на Техеран со цел да спречи идни слични инциденти, Трамп кратко одговорил: „Ќе видиме“.
Тој истакнал дека Хормушкиот теснец е клучна поморска трговска рута која нема да биде затворена по нападот врз двата танкера во Оманскиот Залив, или барем не долго, објави „Ројтерс“.
Техеран силно негира каква било вмешаност во нападот.