Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, зборуваше за конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, велејќи дека на тоа подрачје владеел мир за време на неговиот мандат, бидејќи непријателите на Израел знаеле дека САД стојат цврсто покрај таа земја.
– Додека бев во Белата куќа, нè нарекуваа претседателство на мирот, бидејќи на непријателите на Израел им беше јасно дека САД цврсто стојат покрај еврејската држава и дека во случај на напад врз Израел ќе следува брза одмазда. Сега кога Бајден е претседател, светот е понестабилен и има повеќе насилство затоа што Бајден покажа слабост и недостаток на поддршка за Израел, што доведе до нови напади врз нашите сојузници – рече Трамп, пренесува „Џерусалим пост“.