Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Сенатот на американскиот Конгрес да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да војува со Иран.
Тој на Твитер напиша дека со усвојување на резолуција ќе биде испратен „многу лош сигнал“ и дека со тоа ќе му се овозможи на Техеран да делува без казна за своите постапки.
– Многу е значајно за безбедноста на нашите држави, САД да не гласаат за резолуција за воени овластувања во врска со Иран. Добро ни оди со Иран и не е време да покажеме слабост – порача Трамп.
Демократите минатиот месец соопштија дека имаат доволно гласови во Сенатот за да се одобрат мерки за ограничување, според кои американскиот претседател ќе мора да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран.