Американскиот претседател Доналд Трамп го покани британскиот премиер Борис Џонсон да ги посети САД во новата година, пренесе британскиот весник „Сандеј тајмс“.
Како што се наведува, повикот на Трамп дошол по неодамнешната победа на Џонсон на изборите во Велика Британија.
Официјален договор за точниот датум на посетата допрва треба да биде одреден, цитира весникот извор во Даунинг стрит.
– Како потенцијален датум се споменува посетата да биде кон средината на јануари, но сè уште не е официјално договорено. Сепак, јасно е дека и двете страни сакаат да биде на почетокот на 2020 година – изјави друг извор близок до Белата куќа.