Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го “националeн срам”, кој го уништува главниот град на Велика Британија.
Неговите коментари следат по серијата напади во Лондон за помалку од 24 часа, во кои загинаа тројца мажи, а тројца други беа повредени.
LONDON needs a new mayor ASAP. Khan is a disaster – will only get worse! https://t.co/n7qKI3BbD2
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 15 June 2019
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рече дека Трамп е “апсолутно ужасен”.
„Г-дин Трамп ја користел “трагедијата на луѓето кои беа убиени за да го нападне градоначалникот”.
Во одговор на обвинувањата на Трамп, портпаролката на градоначалникот Кан, напиша дека мислите на градоначалникот се со семејствата на жртвите и дека тој нема да го троши своето време одговарајќи на вакви твитови.
-За вакво насилство нема место во нашиот град. Нема поголем приоритет за мене од безбедноста на жителите на Лондон- напиша Кан.
Во петокот, 18-годишно момче беше избодено до смрт во Вандсворт, јужно од Лондон, а само неколку минути подоцна, 19-годишно момче беше смртно застртелано во Пламстед, југоисточно од Лондон.
Маж на 30-тина години почина откако вчера беше избоден со нож во „Тауер Хамлет“. Исто така вчера двајца мажи беа избодени со нож во Клефам, а друг беше избоден во Брикстон.