Доналд Трамп на Твитер се пофали дека САД сега се „најголем производител на енергија во светот“. Објавата следеше откако порасна цената на нафтата на светско ниво по нападот на една од најголемите светски рафинерии во Саудиска Арабија. Трамп се пофали за енергетската независност на Америка откако изјави дека државата е подготвена дури и да употреби воена сила по нападот на двата саудиски енергетски капацитети, вклучувајќи ја огромната рафинерија во Абкаик.
Се проценува дека со нападот се изгубиле 5,7 милиони барели нафта на пазарот што е поголем шок врз системот од Иранската револуција од 1979 година. Рафинеријата во Абкаик има удел 70 отсто од вкупното нафтено производство на државата.