Американскиот претседател Доналд Трамп на средба со неговиот украински колега во текот на Самитот на НАТО потврдил дека официјална позиција на САД е дека Крим припаѓа на Украина, јави допинсикот на МИА од Вашингон.
На средба со неговиот колега Петро Порошенко во Брисел, Трамп гарантирал дека нема да преговара за Крим на претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки.
Порошенко ова го изјави во интервју за телевизијата „Франс 24“ во кое предупредил дека доколку Трамп преговара за Крим, тоа ќе биде прекршување на меѓународното право и договорите за безбедност што Украина ги има склучено со другите западни земји, како и негирање на официјалните изјави на НАТО алијасната.
Претседателот на Украина го критикуваше гасоводот помеѓу Русија и Германија како „политички“ и „опасен“ потег за Европа. Исто така тој побарал распоредување на мировна мисија на ОН во Источна Украина, со цел да се стави кај на „руската агресија“ таму.
Во интервјуто, Порошенко изразил оптимизам за можната размена на заробеници со Русија со што може да биде ослободен Олег Сенцов, филмаџија од Крим кој во Русија е осуден на 20 години затвор поради тероризам, во според многумина монтиран судски процес