Претседателот на САД, Доналд Трамп, е во официјална посета на Јапонија, во текот на која ќе има средба со царот Нарухито.
По кусиот пречек на аеродромот, Трамп се упати во американската амбасада, каде што ќе се сретне со луѓе од бизнис заедницата.
Посетата на Трамп е дел од дипломатката офанзива на јапонскиот премиер Шинзо Абе за која аналитичарите велат дека засега ја спасила Јапонија од протекционистичките мерки на Трамп.
Американскиот претседател, сепак, не се откажа од можноста да воведе потенцијално разорни царини на увозот на јапонски автомобили и автоделови под изговор дека станува збор за национална безбедност.
Еден час пред Трамп да пристигне во Токио, градот беше погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени, но не беше издадено предупредување за цунами.