Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту годинава нема да присуствува на годишната вечера на Здружението на известувачи од Белата куќа, оценувајќи го тој настан како премногу негативен.
Ова е трета година по ред како Трамп ја пропушта вечерата со новинарите акредитирани во Белата куќа, кои тој често ги обвинува за пристасност, но сепак речиси секој ден одговара на нивните прашања.
– Ќе одржам политички собир затоа што таа вечера е толку здодевна и негативна, така што ние ќе одржиме еден многу позитивен собир – рече Трамп.
Тој додаде дека се разгледуваат три локации за тој Трамп: Вечерата со известувачите е негативна, јас сакам позитивни работи
Вашингтон, 5 април 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту годинава нема да присуствува на годишната вечера на Здружението на известувачи од Белата куќа, оценувајќи го тој настан како премногу негативен.
Ова е трета година по ред како Трамп ја пропушта вечерата со новинарите акредитирани во Белата куќа, кои тој често ги обвинува за пристасност, но сепак речиси секој ден одговара на нивните прашања.
– Ќе одржам политички собир затоа што таа вечера е толку здодевна и негативна, така што ние ќе одржиме еден многу позитивен собир – рече Трамп.
Тој додаде дека се разгледуваат три локации за тој настан.
– Тоа ќе биде голем собир. Вечерата за известувачите е премногу негативна. Јас сакам позитивни работи – истакна Трамп.
Годинашнава вечера на известувачите од Белата куќа ќе се одржи на 27 април во еден хотел во Вашингтон. настан.
– Тоа ќе биде голем собир. Вечерата за известувачите е премногу негативна. Јас сакам позитивни работи – истакна Трамп.
Годинашнава вечера на известувачите од Белата куќа ќе се одржи на 27 април во еден хотел во Вашингтон.