Силно торнадо синоќа го зафати германскиот град Кил, кој се наоѓа на брегот на Балтичкото Море.
Торнадото предизвика значителна материјална штета, а седум лица се повредени, од кои тројца потешко.
Торнадото носеше покриви на куќите и извади чамци од водата, а членовите на веслачкиот клуб кои се обидуваа да ги прицврстат чамците завршија во водата, пренесува Билд.
Полицијата и пожарникарите беа на лице место со осум возила за да помогнат во спасувањето на луѓето.
Во Германија годишно се регистрираат помеѓу 20 и 60 торнада.
Синоптичарите наведуваат дека ова не можело да се предвиди.