Најмалку две лица загинаа, а девет се повредени во торнадо што го погоди италијанскиот остров Пантелерија, сместен помеѓу сицилијанскиот и тунискиот брег.
Силното торнадо превртувало автомобили, а се урнале и покриви на неколку куќи.
Четири лица меѓу повредените се во критична состојба.
Меѓу загинатите има пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж. Двајцата биле во своите автомобили кога торнадото минувало покрај патот.
Иако торнадата обично не се поврзуваат со Европа, секоја година се случуваат неколку стотици. За многумина, не е познато со оглед дека најчесто се случуваат во оддалечени рурални области.
Да потсетиме, пет лица загинаа, а 150 беа повредени кога торнадо ја погоди Чешка претходно оваа година.