Топлотните бранови, кои во јуни и во јули ја зафатија Франција, предизвикаа околу 1.500 смртни случаи повеќе отколку што е тоа вообичаено за овој период. Француското Министерство за здравство соопшти дека е регистрирано зголемување од девет отсто на бројот на смртни случаи во летниот период.
Сепак, според француските власти, оваа бројка е многу помала од 2003 година, кога беше регистриран рекорден број жртви од топлото време.
– Топлотниот бран од 2003 година траеше 20 дена. Оваа година имавме 18 дена и тоа во два брана, а успеавме да ја намалиме смртноста благодарение на превентивните мерки – порача Агнес Бузин од француското министерство за здравство.
Највисоката температура во Франција ова лето достигна 46 степени и беше измерена на 28 јуни во селата во јужниот дел на земјата, пренесува „Ројтерс“.