Шпанските власти го локализираа шумскиот пожар во Каталонија, најголемиот кој изби во овој регион во последните 20 години.
Сепак, тие предупредија дека ветрот и најавите за високи температури до 40 степени би можеле повторно да ги разгорат шумите, пренесе „АП“
Пожарот го гаселе околу 500 пожарникари, од кои 21 побарале лекарска помош за време на ноќта.
Се верува дека пожарот почнал кога се запалила голема количина на пилешки измет, користен за наѓубрување на фарма.