Поранешниот британски премиер Тони Блер рече дека напуштањето на Авганистан е трагично, опасно и непотребно, додавајќи дека тоа не е во ничиј интерес.
Поранешниот премиер, кој испрати британски војници во Авганистан во 2001 година, рече дека одлуката за повлекување е водена „не од голема стратегија, туку од политика“.
Тој додаде дека Велика Британија треба сериозно да размисли по, како што рече, „малата или никаква консултација“ со САД, во одлуката за повлекување од Авганистан.
– Ние сме во опасност да западнеме во друга поделба на глобалните сили. Можеби немаме ништо против, но треба да донесеме одлука барем внимателно – рече Блер.
Тој, исто така, рече дека Британија има морална обврска да остане во Авганистан додека не се евакуираат сите оние што требаше да бидат евакуирани.