Според Индексот на најбезбедни градови во светот објавен од „Економист интелиџенс јунит“, Токио е избран за најбезбеден град во светот, а Амстердам во Европа. Изборот се состои од дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична безбедност.
Сингапур е втор најбезбеден град, по главниот град на Јапонија, додека јапонска Осака е на третото место на таа листа. Истите градови исто така ги заземаа тие позиции според индексите за 2015 и 2017 година.
На списокот се наведени 60 градови, а индексот се обиде да го опфати концептот на „урбана еластичност“, односно можноста на градовите да апсорбираат шокови и да закрепнат од нив, велат истражувачите.
Азиско-пацифичкиот регион доминира во првите десет најбезбедни градови, како и во претходните години. Меѓу трите града споменати во првите десет се јужнокорејскиот Сеул (8-ми) и австралискиот Сиднеј (5-ти) и Мелбурн (10-ти).
Два европски и два северноамерикански градови се меѓу првите десет. Амстердам е четврти на листата, Копенхаген е осми, Торонто е шести, а Вашингтон е седми.
Лагос (Нигерија), Каракас (Венецуела), Јангон (Мјанмар), пакистанскиот Карачи и Дака (Бангладеш) се на последните пет позиции на тој индекс.